Недела, 10.02.2013 во 09:30
Мајката Хулда (Frau Holle)
Според бајката на Браќата Грим во која се обработува темата на древното мото „секој го добива тоа што го заслужил“.
Во приказната се двете сестри Мари и Луизе. Мари е вредна и трудољубива, додека Луизе е нејзина чиста спротивност.
При една прилика Мари паѓа во еден бунар и се буди во една магична земја каде се е прекрасно и секогаш има обилни и убави оброци, само треба да и се помогне на Мајката Хулда која се грижи за се во тој свет.
При враќањето во селото Мари е во центар на вниманието и Луизе го посакува истото. \
И таа паѓа во бунарот и оди кај Мајката Хулда, но ни одблиску не е вредна како сестра и. При враќање во селото таа го доби тоа што го заслужи како награда за нејзината мрзоволност.
Режија: Бодо Фурнисен
Улоги: Мариане Загебрехт, Херберт Феурштеин, Јохана Гастдорф