Серии

Љубов и казна

Кој ќе биде победник: Законот на љубовта или законот на земјата? Серијата „Љубов и казна“ е снимена во 2014 година и ги проби сите рекорди на гледаност. За прв пат во Македонија и во регионот, ексклузивно на Алфа ТВ.

Стартува во четврток, на 27 ноември, во 18:15 часот.

Кој ќе биде победник: Законот на љубовта или законот на земјата?

Крв потече и го уништи пријателството меѓу двете највлијателни семејства во Мардин – Бозбеј и Пеливан. Семејството Пеливан го изгуби најстариот син, а Бозбеј, за да го спасат, го испратија нивниот најстар син далеку. Никој незнае каде е, и така треба да остане заради мир меѓу семејствата и во градот.


Додека е во прогонство, Омер, најстариот Бозбеј, далеку од корените и семејството, создава свој живот и ново семејство. Уште повеќе, тој е успешен бизнисмен.

Далеку од него, во Мардин, неговата мајка Курејша, која го презеде агалукот на семејството Бозбеј, заедно со нејзиниот помлад син Халил, го чека денот кога же може да го пречека својот првенец за да му го предаде агалукот.


И единствениот син на семејството Пеливан, Кадир, очекува да стане ага. Уште додека неговиот татко е на смртната постела, тој, со помош на неговата мајка го презема местото на глава на семејството. Прва должност, за него, е да го прекине мирот и да го одмазди неговиот брат.


Додека Халил и Кадир се прогонуваат еден со друг во Мардин за да се убијат, Омер во Истанбул, без да знае и без да сака, станува дел од оваа сага на крвопролевање меѓу двете семејства. Омер не знае дека тој и неговата сакана Лејла ќе ја платат најголемата казна за омрзата што завладеа.

Во Мардин се најавени трагични денови... 

 

Продолжение

Од: xxx

Време: 28.01.2015 23:31:52

Коментар: Дали ќе има втора сезона?

Последна епизода

Од: anonimus

Време: 28.01.2015 18:32:40

Коментар: Навистина денес е последната епизода? Но, од прва сезона? И ако има втора сезона, кога ќе ја емитувте?

Ѓ не е Г

Од: Гледач

Време: 14.12.2014 11:08:49

Коментар: На некои од артистите што ги позајмуваат гласовите појаснете им ја разликата мрѓу гласот Ѓ и Г (на пр. Ѓулбахар не е Гулбахар, итн.)