Серии

Приказни од животот

“Приказни од животот” e играна серија во продукција на Алфа ТВ. Следејќи го вкусот на публиката, Алфа телевизија оваа пролет формираше тим за да создаде оргинална, домашна играна серија.

Секој работен ден, во 20:00 часот

“Приказни од животот”  e играна серија во продукција на Алфа ТВ. 

Следејќи го вкусот на публиката, Алфа телевизија оваа пролет формираше тим за да создаде оргинална, домашна играна серија. 

Истражувањата покажаа дека публиката најмногу сака да ја гледа реалноста на тв екраните. Во самата природата е на човекот да сака да  „ѕирне“ во туѓите животи и да ги спореди со својот. Надевајќи се дека на тој начин ќе научи повеќе за животот и како да се справи со ударите кои ги носи. 

Тргнувајќи од овој факт решивме да создадеме играна серија токму во форматот која најмногу ги привлекува нашите гледачи.


Сценаријата за “Приказни од животот” се изработени врз основа на вистински приказни, кои заради драматуршката целина на моменти се драматизирани. Секоја епизода е приказна сама за себе, така што темите кои ги обработуваме се навистина разнобразни, од прељуба, киднапирање, забранета љубов, измама, криминал. 


Тоа се приказни од животот, кои можат секому да му се случат, не постојат исклучоци, животот е суров. Затоа сме сигурни дека вниманието на гледачите ќе биде на високо ниво, бидејќи ништо не е попривлечно од суровата реалност. 

Првата сезона на “Приказни од животот” ќе содржи 22 епизоди, секоја во траење од половина час.


Сценаристи на серијата се Ева Камчевска и Елена Стојаноска, режисер е Никола Кинчаров, асистент на режија Есин Зекири, продуцент Миле Крстевски. 

 

Ke ima li reprizi

Од: Dimitar

Време: 08.11.2014 03:00:38

Коментар: Dali ke ima reprizi i koi denovi i vo koj termin

Од: Anita

Време: 07.11.2014 22:45:13

Коментар: Sekoja cest..