Документарна

Куќа од срце

„Куќа од срце“ е уште една шанса за сите оние кои се соочиле со несреќа во животот да се вратат во него со љубовта и хуманоста на заедницата.

Секој работен ден во 19:15 часот

Оваа есен имате прилика да ја гледате оваа реалити телевизиска продукција која освен што ги решава основните станбени прашања на луѓето, се бави и со решавање на семејните и меѓучовечките односи.

Овој телевизиски проект ги згрижува најзагрозените семејства, а во акцијата се вклучени многу организации и поединци кои сметаат дека хуманоста е еден од врвните принципи за секој човек.


Семејстава опфатени со овој проект имаа прилика да бидат станбено згрижени, материјално потпомогнати, да се вратат во образовниот систем, а сето тоа резултира со ресоцијализација на семејствата во општеството.

„Куќа од срце“ е уште една шанса за сите оние кои се соочиле со несреќа во животот да се вратат во него со љубовта и хуманоста на заедницата..