Филмови

Вуковар

Ништо не е посилно од љубовта, можеби само војната!

Приказната во филмот се одвива во Вуковар, град на границата меѓу Србија и Хрватска, во земјата која некогаш се нарекуваше Југославија во времето кога таа држава се распаѓаше како последица на граѓанска војна.

Во една типична љубовна приказна помеѓу девојката Ана со хрватско потекло и момчето Тома, Србин, кои ќе се венчаат со благослов на нивната семејства непосредна пред битката за Вуковар.

Нивната заедница во која некогаш живее сите во хармонија и слога наеднаш започнува да се распаѓа. Лудилото на војната ги зафаќа нивните сограѓани, а потоа и членовите на нивното семејство и најблиските. Во една таква ситуација Ана и Тома се обидуваат со љубовта да ги совладаат сите искушенија и се надеваат дека војната бргу ќе заврши и дека мирот и разумот повторно ќе се врати во градот. Но,...

Слоганот на филмот е: „Ништо не е посилно од љубовта, можеби само војната!“

Режија: Боро Драшковиќ
Улоги: Мирјана Јоковиќ, Борис Исаковиќ, Небојша Глоговац, Светозар Цветковиќ, Предраг Ејдус...