Серии

Ивкова слава

Долгите подготовки завршуваат и славата започнува, и таа трае, трае, трае, трае.... Една од најгледаните ТВ серии во регионот, со најдобри глумци и со музика за паметење.

Понеделни - петок во 21:00 часот

Приказната се случува во Ниш, на крајот на 19. век за време на бурните историски настани кога Србија доживува слобода после повеќевековното ропство под Отоманската империја. 

Напредниот, кон запад свртен крал Милан Обреновиќ, успева некако да го „натовари“ на европскиот воз напатениот српски народ...


Во такво време, кога се крши традицијата од исток со прогресивните идеи од запад, во Ниш еден чорбаџија започнува подготовки за својата слава.

Тоа не е настан само за него и за неговото семејство, туку за целиот град. Подготовките за славата започнуваат неколку недели пред очекуваниот ден, а нишлии и сите други добронемерници очекуваат деа токму тие ќе бидат дел од гостите.


Славата е прилика и за бендисување. Има моми и момчиња кои очекуваат токму на славата да ги најдат своите љубовници.

Долгите подготовки завршуваат и славата започнува, и таа трае, трае, трае, трае....

Една од најгледаните ТВ серии во регионот, со најдобри глумци и со музика за паметење.


Од глумците ги издвојуваме: Зоран Цвијановиќ, Наташа Нинковиќ, Драган Блијелогрлиќ, Срѓан Тодоровиќ, Никола Ѓуричко, Аница Добра, Драган Николиќ, Бата Живојиновиќ, Никола Којо...
 

СРПСКИ ФИЛМОВИ

Од: СРПСКИ ФИЛМОВИ

Време: 14.12.2014 12:17:01

Коментар: ДАЈТЕ И ДРУГИ СРПСКИ ФИЛМОВИ 1-ЖИКИНА ДИНАСТИЈА 2-БАЛКАН ЕКСПРЕС 3-ТЕСНА КОЖА 4-БИТКАТА НА НЕРЕТВА 5-СУТЈЕСКА 6-