Забавна

Браво шоу

Алфа ТВ го започнa емитувањето на најголемото забавно-музичко шоу во регионот - „Браво Шоу“.

Недела, 21:00 часот

Во продукција на телевизијата Пинк, во студио од 2000 квадратни метри е сместена импозантна ТВ сцена со неколку платофрми како и со цел градски плоштад во предниот дел каде што се одвиваат главните музичко-сценски настапи.

Иновативноста на ова шоу е неговата комбинација од играна и музичка програма, а дејствието се случува во еден мал град во кој градоначалникот решил парите наменети за водовод да ги потроши на голем музички фестивал на кој ги поканува најголемите музички ѕвезди од регионот.


Автор на овој гигантски проект е Жељко Митровиќ и сценаристите Жарко Јокановиќ и Драган Гузијан. Тие тројца создадоа тв свет во кој настапуваат великаните на српското глумиште Јелисавета Сека Саблиќ, Бранислав Лечиќ, Власта Велисавлјевиќ, Лилјана Степановиќ, како и младите ѕвезди Мирољуб Турајлија и Милан Васиќ. 


Водители во ова шоу се искусните Нина Радуловиќ Лечиќ и Влада Станојевиќ кој ќе им бидат домаќини на ѕвезди како што се Цеца, Драгана Мирковиќ, Жељко Јоксимовиќ, карлеуша, Харис Џиновиќ и многу други. 

***
Во претстојната епизода од ова најгламурозно шоу во Европа, гледајте: