Серии

Ѕвездара

Серијата „Ѕвездара“ е приказна за Белград денеска, приказна за еден град и за едно семејство кое се прилагодува така како што умее на времето во кое живееме.

Од понеделник до петок во 21:00 часот, реприза во 16:30

„Ѕвездара“ е српска телевизиска серија снимана во текот на 2012 година, а првата епизода е емитувана на 1 јануари 2013 година.

Автор на сценариото и режисер е Драгослав Лазиќ.

Првата епизода премиерно ја гледаа 1милион и 700 илјади гледачи.

Серијата „Ѕвездара“ е приказна за Белград денеска, приказна за еден град и за едно семејство кое се прилагодува така како што умее на времето во кое живееме.

Вера, Нада и Дана се сестри кои по изгледот се многу слични, но според нивните карактери се многу различни: 

Нада е прагматична и мудра во зависност од околностите. Мажена е за политичарот Богдан кој е необразован, но знае како да си обезбеди убав и лесен живот. 

Вера живее во облаци, со немирен дух и лесно се вљубува.

Дана е тинејџерка преокупирана со себе си и со својот лик во огледалото.

Заедно со нив е и нивниот брат Гаги кој живее како миленик на сите нив.

***

Што ќе се случува во вечерашната епизода, проверете во видео најавата: