Контактна

Збор по збор

Ако имате нешто да кажете, ако ве мачи нешто, имате добар предлог... Сега имате место каде да се искажете – „Збор по збор“ со Александра на Алфа ТВ.

Понеделник-Петок во 13:30 часот

„Збор по збор“ е своевиден телевизиски Хајд парк со Александра Јуруковска. Поттикнати од желбата на граѓаните и гледачите на Алфа ТВ да добијат свој термин во кој ќе можат да ги искажат своите ставови, дилеми и прашања Алфа ТВ ја воведува контактната емисија „Збор по збор“.

Ако имате нешто да кажете, ако ве мачи нешто, имате добар предлог... Сега имате место каде да се искажете – „Збор по збор“ со Александра на Алфа ТВ.


Секој работен ден, со почеток во 13 часот и 30 минути.

 

Од: viki

Време: 05.11.2015 15:17:35

Коментар: eve edna sugestija do iskra. Dali moze da se razgovara vo vasata naredna emisija za sostojbata vo Drzavnata Bolnica i apel da se soberat sredstva za renovirane. Potocno se raboti za oddelot za nefrologija.

Забелешка

Од: Ampo

Време: 04.11.2015 14:31:10

Коментар: Искра, Извини, но алергичен сум на јазична нехигиена, па затоа и оваа моја реакција. Ја одјавивте емисијата со ТОЛКУ ЗА ДЕНЕС. Денеска Искра, не денес.

Од:

Време: 10.10.2014 21:44:48

Коментар: Предложувам тема, за нашиот македонски јазик. Никој ли не гледа дека го заборавивме од многуте србизми, турцизми,англизми итн. Што прават силните лектори за печатените медиуми или вработените во говорните медиуми. Преведувачите можат малку и да се едуцираат во областа која ја преведуваат и преводот да не биде смешен. А, посебна приказна е правописот...порано учевме од телевизијата, радиото и книгите! Да не зборувам за падежите-„бисер до бисер“! Зарем никому не му пречи македонци, срби или французи што се напишани со мала буква (или пак ова е нова граматика),зарем никому не му пречи чоколада, хаљина, он, школа и уште мнооогу...можам цел ден да набројувам! Зарем никој во оваа држава не чувствува потреба да реагира или барем да евидентира кому му дава плата за незавршена работа! Децата го учат литературниот јазик во училиштата но кога ќе пораснат го забораваат, трчајки го животниот маратон. А, најлошо е тоа што не знаат дека грешат и не знаат како да поправат. Тие се иднината на Македонија, Македонци(со големо М), народ. А, јазикот е дел од идентитетот на еден народ!

12