Филмови

Истрел

Сакајќи ја слободата за својот народ, младинците од Скопје се решава на низа акции, меѓу кои најголема е - атентатот врз бугарскиот полициски началник Емануел Мачков.

Сакајќи ја слободата за својот народ, младинците од Скопје се решава на низа акции, меѓу кои најголема е - атентатот врз бугарскиот полициски началник Емануел Мачков. 

По пристигнувањето на Емануел во началството, тој на своите агенти им наредува да обрнат големо внимание на младите од Дебар маало, Пајко маало и Чаир. 

Во меѓувреме, заради безбедно поминување на партизанскиот одред во близината на Скопје, во градот треба да се организираат низа помали акции кои би го свртеле вниманието на полицијата врз себе. 

Така другарите Дано, Доне, Игор и Боро преземаат акција на аеродромот, при што ги палат авионите. Како реакција, полицијата врши рација, собира само млади луѓе кои се изложуваат на големи мачења. 

Истовремено, партизанскиот одред при преминувањето на Вардар упаѓа во заседа. Момчињата му помагаат на ранетиот Мите Димов да ја избегне заседата и го пренесуваат кај Анѓа, додека Никола е отсутен. 

Полицијата ги претресува сите сомнителни куќи и го наоѓа ранетиот партизан во куќата на Никола. По тешки измачувања, без да признае пред полицијата, Мите е убиен. Поради убиството на Мите во градот се растураат летоци, железничарите свират со сирените, се затвораат дуќаните.

Месниот комитет решава да се организира атентат врз Емануел. На денот на атентатот момчињата ги заземаат своите места на улицата, пред куќата на Емануел, и по заминувањето на неговиот автомобил, тие го убиваат. По атентатот момчињата мораат да заминат од градот. Меѓутоа, при излегувањето од градот, поставена им е заседа и сите, освен Дано, гинат.

Режија: Бранко Гапо
Улоги: Неда Арнериќ, Петар Арсовски, Питомир Деспотовски, Слободан Димитриевиќ, Емил Рубен, Владимир Светиев, Мајда Тушар, Ристо Шишков