Филмови

Исправи се Делфина

Филмот е приказна за девојката Делфина (Неда Арнериќ), која додека се обидува да го преплива каналот Ла Манш се навраќа на пресвртните моменти од нејзиниот живот, кој, изгледа единствено би добил смисла доколку таа успее во својата мисија.

Сабота, 19.07.2014 во 19:00 ч.

Филмот е приказна за девојката Делфина (Неда Арнериќ), која додека се обидува да го преплива каналот Ла Манш се навраќа на пресвртните моменти од нејзиниот живот, кој, изгледа единствено би добил смисла доколку таа успее во својата мисија. 

При препливувањето, на бродчето што ја следи се нејзиниот тренер Атанас (Дарко Дамески) и нејзиниот пријател Петко (Диме Илиев), кои постојано ја бодрат и ѝ помагаат. 

Во меѓувреме, Делфина се сеќава „на запознавањето со Младен (Слободан Димитријевиќ), тренерот на републичката репрезентација во пливање, за првите интимни контакти со него, за наставата во угостителското училиште и за членувањето во локалниот пливачки клуб“ и др. 

Во еден критичен момент, кога се чини дека Делфина нема да може да го оствари својот подвиг, Петко скокнува во водата и плива заедно со неа. Благодарение на неговата подршка, таа ја надминува и последната криза и конечно, успева да го преплива Ла Манш. 

По повод нејзиниот успех, во Скопје се одржува свечен прием на кој присуствува и Младен. Сепак, Делфина се поздравува со Петко и потоа „заминува по патот што самата го одбрала“.

Режиja: Александар Ѓурчинов
Улоги: Неда Арнериќ, Слободан Димитриевиќ, Столе Аранѓеловиќ, Дарко Дамески, Диме Илиев