Филмови

Најдолгиот пат

Пет години ќе трае голготата на патувањето на група македонски патриоти до затворот во Мала Азија каде што треба да ја одлежат казната заради отпорот кон Отоманската империја и желбата за слобода. Кога ќе стигнат до нивното заточеништво ќе им биде соопштено дека се амнестирани...

Сабота, 12.07.2014 во 19:00 часот

Март, 1903 година. Отоманската Империја е во распаѓање. На Балканот уште единствено Македонија не е слободна. Македонското револуционерно движење е во полн растеж. Османлиите прават се за да го задржат своето последно упориште во Европа. Македонскиот народ е изложен на разни репресии, како што е и одмаздата за укажување заштита и помош на комитите. Во еден таков случај Турците го опколуваат селото во кое е во тек свадбарската свеченост. Пукаат во селаните, ги собираат и повеќето од нив ги одведуваат. Меѓу нив е и младоженецот. Заробените селани, повеќе од двесте, се затворени во тврдина. Ги има од повеќе македонски села. Тука веднаш се изрекуваат пресудите. Најмалата казна е 15, а најдолгата 101 година затвор. Меѓу осудените се и попот и учителот од Врбјани. Селаните ги пренесуваат со воз до Солун. 

Но, тоа е оневозможено заради засилените мерки на претпазливост по повод тукушто извршените акции на гемиџиите во Солун. Следи патување со брод. Целта е Мала Азија. 

Македонците се изложени на најразлични понижувања по патот, еден од нив е и начинот на кој се добива храна. По патот се судираат и со курдските племиња кои овие предели ги контролираат како свои. Нападот е одбиен и со помош на затворениците, кои добиваат пушки за да им помогнат на - инаку, малубројните - турски војници. 

Пристигнуваат до големата река, Еуфрат, која ја минуваат со чунови. 

Во октомври 1908 година, осудените пристигнуваат на местото каде што ќе ја издржуваат казната. 

Осудените ги пречекува грчкиот поп кој им ја соопштува амнестијата. Сите се ослободени и можат да се вратат дома. Осудените тргнуваат повторно на пат. Овој пат тие се сами. Нив нема кој да ги води. Од далечината им се приближува даскалот. Ги очекува пат исполнет со низа опасности. Сите преживеани селани пристигнуваат во своите села.

Режија: Бранко Гапо
Сценарио: Петре М. Андреевски
Улоги: Данчо Чевревски, Дарко Дамевски, Душан Јаниќиевиќ, Мето Јовановски, Ненад Милосављевиќ, Ристо Шишков...