Серии

Авенија на љубовта (Avenida Brasil)

Љубов, фудбал, самба, Рио, Бразил...

Светски феномен. Серија која во Бразил оствари просечен рејтинг од 42% и удел во гледаноста од 69%, додека последната епизода ја гледале 56% од граѓаните на Бразил, односно 84% од оние кои во тој момент гледале телевизија. Серијата е продадена во повеќе од 100 земји ширум светот, го држи првото место на листата на најпродавани телевизиски содржини од Бразил. Врвна продукција и актерска екипа, возбудливо сценарио и живописни ликови, различни локации и екстериери, одлична музика. Сето ова ја опишува минатогодишната успешна серија на Глобо, „Avenida Brasil“.



Како дете, Рита страда во рацете на бескруполозната маќеа Кармиња, која со помош на љубовникот Макс го поттикнува Женезио - таткото на девојчето, да изгуби сe што има. Напуштени од Кармиња и оставени на улица, тие навлегуваат под заштита на злобниот Нило, а Рита бара помош во домот на ексцентричната Лусинда. Таму таа се запознава со Батата, нејзината голема љубов. Но, судбината се погрижува и двајцата да се разделат, кога едно чилеанско семејство ја посвојува и и го дава името Нина.


Името на шампионот во Рио де Жанеиро во 1999. година е Жоржи Араужо, попознат како Туфао. Создаден од Дивино фудбалскиот клуб, клуб од преградието. Туфао се појавува повторно на сцената во Бразил откако живеел во странство и е на пат да се ожени со љубовта на својот живот, забавната фризерка Монализа. Но таа врска не е одобрена од мајката на момчето - Муриси, кој води тежок живот со Лелеко, татко на играчот. На последниот ден од шампионатот, после брилијантната победа, Туфао случајно прегазува на Авенијата Бразил еден господин. Пред да пристигне брзата помош, тој успева да го слушне само името на неговата сопруга - Кармен Лусија Мореира де Суза. Чувствувајќи вина поради тоа што се случило, Туфао се претставува пред вдовицата како долгогодишен пријател на починатиот, и и нуди да и помогне за се што има потреба поради тоа што е богат човек.


Радувајќи се на луксуз и заедно со Макс, кој се жени за сестрата на Туфао, Кармиња се враќа на своите корени, кои ја поврзуваат со Лусинда. Потсетувајќи се на минатото, таа решава да го земе својот син, кого била принудена да го остави како бебе, за да го одгледа со Туфао. 12 години подоцна, синот Батата, кој сега е попознат како Жоржињо, е млад фудбалер, вљубен во прекрасната Дебора, но е измачуван од чувство на гнев, што го чувствува кон својата мајка. Додека пак, Рита, сега Нина, се претворила во одлична главна готвачка. Изминатите години не ја излекувале од длабоката рана која и ја нанела Кармиња. Рита се враќа во Бразил, за да се одмазди. И така, Нина започнува со работа како слугинка во домот на бившата маќеа, која не ја препознава. Малку по малку, таа започнува да го руши животот на својата газдарица.

 

Avenija na ljubovta

Од: Margarita

Време: 12.10.2014 09:40:24

Коментар: Ne zagusivte so turskite serii, so srpskite reprizi, so dosadnite glasovi na nasite akteri koi go pozajmuvaat glasot vo sekoja serija, pa se prasuvas dali e toa ovoj ili onoj akter/ Kako gledaci imame pravo na informacija i respekt od vasa strana. Ne e vo red da prekinuvate nekoja serija za koja postoi interes kaj gledacite ili bez najava da go menuvate terminot na nejzinoto emituvanje. Zasluzuvame barem tolku pocit. Dosta e veke nasilstvo, mafija, bugarska serija od koja decata mozat samo da se deformiraat vo razvojot. Razmislete malku kakov efekt vasata programa ostava na sekoja kategorija na gledaci. Prestanav da go gledam Sitel, Kanal 5 od istite pricini.

Авенија е најдобра

Од: ја сакаме Нина

Време: 11.10.2014 13:30:39

Коментар: После толку барања за серијава, заслужуваме да ни биде вратена на телевизија. Давајте ја по ноќните евсти, и така сите сме будни и ќе си ја гледаме. Вратете ја Авенија на љубовта зашто е најдобра

poplaka

Од: danica

Време: 07.10.2014 08:29:12

Коментар: zosto ne ja emituvate serijata koga tolku mnogu e ubava nemoze da vi tekne na sred serija da ja prekinite najdite termin,za razlika od turskite serii ovaa e preubava

123456789