Филмови

Мис Стон

Еден од легендарните наслови од македонската филмска историја.

Сабота, 05.07.2014 во 18:00 часот

Мис Стон е македонски историски филм од 1958 година

Дејствието на филмот е сместено во 1901 година и истото се базира на вистински настан - грабнувањето на американската протестантска мисионерка Мис Стон (во филмот ја игра Олга Спиридоновиќ) од страна на Јане Сандански (Илија Милчин) и неговата чета.

За откуп на Мис Стон се побарани 25.000 златни лири кои на четата на Јане Сандански ѝ се неопходни за набавка на оружје. 

Меѓутоа, ова барање треба да се потпише и од Мис Стон. Таа категорично одбива да го направи ова, но откако минува низ неколку борби водени со турскиот аскер, застанува на страната на комитите и го потпишува писмото, чии барања, на крајот и се исполнети.

Режиja: Жика Митровиќ
Улоги: Олга Спиридоновиќ, Илија Милчин, Марија Точиноски, Илија Џувалековски, Петар Прличко, Виктор Старчиќ...