Документарна

9/11 Тајни досиеа

Документарецот ги истражува и неверојатните претпоставки дека самата влада на САД учествувала во организацијата на овие напади.

Четврток, 7 февруари 2013, во 20:50 часот

Документарниот филм на БиБиСи од серијалот „Тајните досиеа“ посветен на 11 септември 2001 година, ги анализира големиот број теории на заговор поврзани со овој настан, односно со терористичкиот напад со авиони на кулите близначки на Светскиот трговски центар и на Пентагон.

Документарецот ги истражува и неверојатните претпоставки дека самата влада на САД учествувала во организацијата на овие напади.

Прашањата што ги разгледува овој филм е широко прифатената ферзија дека кулите близначки биле разурнати од експлозив кој бил поставен внатре во зградите и неверојатните факти поврзани со многу малата штета од ударот на авионот во Пентагон.

Зошто САД демонстрирале толкава неподготвеност на еден вака организиран терористички напад.

Авторите нан оваа документарна програма на БиБиСи снимале низ цела Америка во потрага по одговорите кои треба да ги одвојат фактите од фикциите поврзани со овој настан.