Филмови

Црно семе

За време на Граѓанската војна во Грција во 1946 година, припадниците на кралската грчка војска, во чиј состав влегуваат и Македонците од Егејска Македонија, под обвинение дека се комунисти и непријатели на кралска Грција, се казнуваат со упатување во логор на пуст остров.

Сабота, 21.06.2014 во 18:05 часот

Црно семе e македонски игран филм по сценарио на Ташко Георгиевски, а во режија на Кирил Ценевски.

Филмот бил снимен во 1971 година, во времетраење од 89 минути, снимен во вајдскрин техника, во производство на Вардар филм, Скопје и истиот припаѓа на родот на играни филмови од историски жанр.

Овој филм е посебно важен за актерот Дамевски, бидејќи за својата главна улога во овој филм, ја има добиено златната арена за најдобра машка улога во 1971 година во Пула и уште многу други награди. Филмот има добиено многу награди, како наградата „Златна арена“ за режија и најдобра машка улога, „Златен венец“ за најдобро дебитанско остварување доделени во Пула, 1971 година.


За време на Граѓанската војна во Грција во 1946 година, припадниците на кралската грчка војска, во чиј состав влегуваат и Македонците од Егејска Македонија, под обвинение дека се комунисти и непријатели на кралска Грција, се казнуваат со упатување во логор на пуст остров. Понатаму тие се соочуваат со многу проблеми и морални падови, пред кои некои од нив попуштаат.

Режија: Кирил Ценевски
Улоги: Дарко Дамески , Ацо Јовановски, Ристо Шишков, Павле Вуисиќ, Воја Мириќ, Мите Грозданов, Ненад Милосављевиќ