Серии

Украдена љубов

„Украдена љубов“ е малку поинаква турска серија од оние на кои сме навикнале. Таа ги спојува најдобрите традиции на љубовните лирски филмови со филмските заплети што произлегуваат од криминалните акции и со сликите на противречностите на современото турско општество...

Понеделник-петок во 18:15 часот

„Украдена љубов“ е малку поинаква турска серија од оние на кои сме навикнале. Таа ги спојува најдобрите традиции на љубовните лирски филмови со филмските заплети што произлегуваат од криминалните акции и со сликите на противречностите на современото турско општество...

Мави, е млада, убава и паметна жена која животните околности ја натерале во еден извесен период да биде од другата страна на законот и да работи за еден крадец на автомобили.

Нејзиниот постар брат е страстен коцкар, разведен од неговата жена и со две деца.


Судбината ќе ги вкрсти Патиштата на Мави и Чинар, млад полициски детектив кој е во потрага по крадецот на автомобили. И чинар има проблеми во животот. Тој ќе дознае дека Неговата сопруга има љубовник и тој ќе ја напушти.

Во меѓувреме Чинар се вљубува во Мави, а и таа не е рамнодушна. Но, и нејзиниот шеф и криминалец, Аксак, има силни емоции кога е Мави во прашање...

Една од најдобрите приказни што досега ја донеле турските ТВ серии, едноставна, но полна со емоции и веднаш го зграпчува вниманието на ТВ публиката.

Улогите во серијата ги толкуваат Озлем Дувенџиоглу, ујгур јуџел и Тимучин Есин.

Озлем Дувенџиоглу е една од најубавите и навпечатливи турски глумици со меѓународна кариера.


 

УКРАДЕНА ЉУБОВ

Од:

Време: 31.08.2014 22:02:33

Коментар: ВЕ МОЛАМ АКО МОЖЕ РЕПРИЗА НА УКРАДЕНА ЉУБОВ ВО 18 ЧАСОТ ВО ЧЕТРИ ЧАСОТ ПОПЛАДНЕ ВЕ МОЛАМ АКО МОЖЕ

Украдена љубов

Од: ATAHACOB

Време: 20.08.2014 17:29:51

Коментар: DA SE PREMESTI REPRIZATA NA SERIJAVA DA ODI VO 23 CASOT.VE MOLAM ZA DOLINA NA VOLCITE DOLINA NA VOLCITE ZASEDA DOLINA NA VOLCITE IRAK PALETINA I GLADIO SO SINHRONIZACIJA POZDRAV I SEKOE DOBRO

Од: VIOLETA SIMONOVSKA

Време: 18.08.2014 14:21:47

Коментар: VE MOLAM DAVATE REPRIZA NA SERIJAVA VO PRIKLADNO VREME

123