Документарна

Единица

Во 2003 година малку луѓе во Србија знаеја што работи Единицата за специјални операции на владата на Република Србија: медиумите се однесуваа додворувачки, политичарите ја почитуваа, војската и полицијата и’ се поклонуваа, е цела Србија се плашеше од неа. Ги нарекуваа уште и „Црвени беретки“, или на кусо и краво едноставно - ЕДИНИЦАТА.

Сабота во 16:45, и недела во 17:00 часот

Алфа ТВ го прикажува документарниот ТВ серијал „Единица“, еден од најдраматичните документарни записи за настаните во Србија поврзани со убиството на српскиот премиер Зоран Ѓинѓиќ, со улогите на Милорад Улемек Легија, Жељко Ражњатовиќ Аркан, капетан Драган и со улогата на Единицата за специјални операции која ги изврши најбруталните операции во Србија и во соседните земји за време на воените премрежија и во периодот на владеењето на Слободан Милошевиќ.

Во 2003 година малку луѓе во Србија знаеја што работи Единицата за специјални операции на владата на Република Србија: медиумите се однесуваа додворувачки, политичарите ја почитуваа, војската и полицијата и’ се поклонуваа, е цела Србија се плашеше од неа. Ги нарекуваа уште и „Црвени беретки“, или на кусо и краво едноставно - ЕДИНИЦАТА. 

Никој не објасни зошто оваа единица, после атентатот на Ѓинѓиќ, беше тивко распуштена.

Оваа докуметарна серија во продукција на независните медиуми „Време“ и „Б92“, се обидува да ја разгатне мистеријата за тоа како се случи Легија, првиот и единствен командант на „Единицата“, и човек за кој и самиот Ѓинѓиќ говореше дека е еден од хероите на 5 октомври, денот кога падна Милошевиќ, да биде обвинет и осуден како главен организатор на убиството на српскиот премиер? Како станало возможно помошникот на командантот на „Единицата“, Звездан Јовановиќ, да го пука од снајперската пушка со која е убиен Ѓинѓиќ? Како се случи најтешките политиччки злосторства во Србија да ги направат токму припадници на „Единицата“.

Одговорите на овие прашања ќе ги добиете во двете епизоди од серијата „Единица“ која на Алфа ТВ се емитуваат во сабота и недела, на 10 и 11 мај, во 16:45 и во 17:00 часот.