Забавна

Вкусот на традицијата

Алфа ТВ започна нова продукција за збогатување на својата програмска понуда со емисија од областа на кулинарството.

Секој работен ден Рецепт на денот во 09:15 и во 16:05

Секојa недела во 12:15 Вкусот на традицијата

Алфа ТВ започна нова продукција за збогатување на својата програмска понуда со емисија од областа на кулинарството.

Емисијата, со наслов „Вкусот на традицијата“ која целосно е во продукција на АЛФА ТВ, ќе ја води нашата реномирана естрадна уметница и автор на книгата „Македонски традиционален готвач“, Адријана Алачки.

Емисијата се снима во извонредно атрактивниот традиционален амбиент на Етно селото во близина на Куманово. Сите рецепти што ќе ги подготвува Г-ѓа Алачки се изворни и карактеристични за македонската традиционална кујна, а продуктите што ќе се употребуваат во подготовката на рецептите се од нашето поднебје и се еколошки.

Во периодот од почетокот на јуни до крајот на септември ќе се емитуваат меѓу 100 и 110 емисии со траење од по 15 минути и 20 компилациски емисии со траење од по 65 минути. 

15-минутните епизоди во кои ќе се презентира по еден традиционален Македонски рецепт ќе се емитуваат во секој работен ден премиерно и еднаш репризно во квалитетно одбрани термини. 

65-минутната емисија која ќе претставува компилација на сите презентирани рецепти во текот на неделата ќе се емитува премиерно и еднаш репризно во текот на викендот.

Емисиите „Вкусот на традицијата“ можете да го гледате на YouTube каналот на Алфа ТВ.

 

Молба

Од: Митка

Време: 24.10.2014 20:51:18

Коментар: Ќе ве молам ако може да ми кажете каде се продава книгата издадена со „Традиционални македонски јадења и рецепти„ од госпоѓата Андријана Алачки? Однапред ви благодарам.

Од: Sanja

Време: 23.10.2014 17:48:50

Коментар: Dali ima kniga vo prodazba "Vkusot na tradicijata"? Vi blagodaram

leb so bukovec

Од: beba

Време: 15.08.2014 17:51:58

Коментар: kade moze da go najdam receptot za leb so bukovec blagodaram

12345678910...