Серии

Дневникот на Фериде

Алфа ТВ ја отпочнува втората сезона на мега популарната турска серија „Дневникот на Фериде“.

Од 22 септември, секој работен ден во 18:30 часот

Алфа телевизија ги откупи правата и за втората сезона на најуспешната турска серија на сите времиња „Дневникот на Фериде“ или, спопред оригиналниот наслов - „Calıkusu“. Оваа серија е убедливо најгледана во конкуренција на сите теленовели што се емитуваат во моментов, а рејтинзите потврдуваат дека лесно може да биде и најгледаната теленовела воопшто во Турција.  


Ваквиот интерес на гледачите ги оправда огромните вложувања во серијата која важи за една од најскапите и најраскошните досега снимени во оваа земја. 

На гледачите, кои како маѓепсани ја следат секоја епизода, оваа безвремена љубовна приказна на познатиот турски писател Решат Нури Ѓунтекин им ја доловуваат најпопуларните турски актери Бурак Осчивит, кој ја толкуваше улогата на Бали Бег во “Величествениот“ и прекрасната Фахрие Евџан која ни е позната како Неџла од легендарната “Кога лисјата паѓаат“.

  

Извонредната продукција, фантастичните костими, прекрасната музика и, над се, приказната на која никој не може да оделее веќе предизвикаа огромен интерес кај сите големи телевизии во регионот а Алфа Телевизија е прва на балканот  која ги има есклузивните права за емитување  овој нов турски мега хит. 

Настаните во серијата се случуваат во времето на крајот на Отоманската Империја. Нараторот на оваа љубовна приказна која нема да остави никого рамнодушен, е Фериде, млада девојка која пораснала во сиропиталиште. За време на зимата таа е ученичка во женското училиште „Нотр Дам де Сион, а летниот распуст го поминува со својата тетка.

Фериде е верена за галантниот Камран. Еден ден пред  нивната свадба таа ќе открие дека тој има љубовница. Фериде одлучува да замине, нејзиниот пат повторно ќе се вкрсти со оној на Камран и тогаш ќе се роди една голема љубов...


Што ќе се случи во епизодата на 30 септември, погледнете во оваа видео најава:


 

ДОЛИНА НА ВОЛЦИТЕ

Од: ТУРСКА АКЦИОНА СЕРИЈА-САКАМ АКЦИЈА

Време: 06.11.2014 14:38:29

Коментар: СЕ НАДОВРЗУВАМ НА КОМЕНТАРОТ ОД 22.О9 ИМА УШТЕ ЕДНА ДОЛИНА СЕРИЈА ОД СЕРИЈАЛОТ ДОЛИНА НА ВОЛЦИТЕ-СЕ ВИКА ДОЛИНА НА ВОЛЦИТЕ ТЕРОР СО ИСТИОТ АКТЕР НЕЏАТИ ШАМСАЗ СНИМАНА Е ИСТО КАКО И ДОЛИНА НА ВОЛЦИТЕ 2007 -СО СИНХРОНИЗАЦИЈА

Од: elena

Време: 14.10.2014 21:16:53

Коментар: za dnevnikot na feride e podobro da go davate vo drug termin malce podocna mozhi vo istoto vreme kako shto ja davavte prvata sezona. ZA indiskata serija OTFRLENA ne mozham da ja najdam objavata i zatoa ovde vi pishuvam. ALFA KAKO NE VI E STRAM da ne ja davate reprizata na serijata vo sabota i nedela kako shto beshe i dosega. Mnogu televizii imaa napraveno vakvi slichni raboti no vie bevte dosledni se do sega i zatoa ve sledev a ova shto go napravivte voopshto ne mi se dopadna. Serijata otfrlena se dava repriza vo sabota i nedela od koga e pochnata da igra taka da ne e fer da ne ja davate poveke za da go davate onaj glupion film bez sodrzhina . Dokolku nemate mesto koga da davate serii togash shto pochnuvate da davate novi serii i gi trupate na mestata shto bile nameneti za seriite shto gi davate dolgo vreme. Pod itno da se vratat reprizite na otfrlena vo sabota i nedela bidejki bev zaprepastena minatata nedela koga ne gi dadovte reprizite. I da gi dajte reprizite i od prethodnata nedela i mozhi OTfrlena da ja davate vo 22 00 a ovaj kriminalniov podzemje vo 23 00

Од: marina

Време: 13.10.2014 23:51:47

Коментар: ako moze da se smeni terminot na dnevnikot na feride, negde posle 22 casot

12345678910...