Филмови

Саботни премиери: „Улици“ и „Онг Бак 3“

Една романтична драма и една „таи“ епска акција е понудата во Алфа кино во сабота на 25 јануари. Уживајте!!!

Сабота, 25.01.2014, во 16:00

Улици (Step up 2: The Streets) –ПРЕМИЕРА

Љубовна искра ќе ја распламти романтичната врска меѓу двајца студенти по танц. 

Но, тие припаѓаат на семејства со различен социјален статус...

Режија: Џон М. Чу

Играат: Роберт Хофман, Брајана Евиган, Кејси Вентура


Сабота, 25.01.2014, во 19:10

Онг Бак 3 (Ong Bak 3) – ПРЕМИЕРА

Тиен е заробен и претепан до смрт. Сепак, некако успева да се спаси и да стигне до селото Кана Кон.

Додека ги залечува раните, тој се впушта во медитација за да собере доволно духовна сила за да се соочи во конечната битка со неговиот архинепријател...

Режија: Тони Џаа, Пана Ритикраи

Играат: Тони Џаа, Дан Чупонг, Саранју Вонграчанг