Забавна

Зајди, зајди

Брендот на Алфа ТВ, емисијата „Зајди, зајди“ во нова сезона 2013/2014 и со нова сценографија во афирмација на трајните фолклорни вредности.

Недела, во 13:00 ч (реприза во петок во 13:30)

Емисијата „Зајди, зајди“ на Алфа ТВ стана бренд и единствена нова, актуелна продукција која ги препознава и ги афирмира трајните фолклорни вредности.

Во нова сценографија со Зуица Лазова и Милан Завков како водители на емисијата, најгледаната музичка емисија добива нов импулс и свежина. Свој придонес кон ова дава и оркестарот на Милан Завков со една побогата, чалгиска, димензија. 

„Зајди, зајди“ е македонска музичка ризница на традиционалните народни и староградски  фолклорни нумери што повторно не врати на нашите корени.

Емисијата „Зајди, зајди“ ве потсетува на најубавите стихови и балади од фолклорниот завет.

Еднаш неделно во најгледаните термини во вашите домови ќе ги имате најистакнатите исполнители на македонските народни песни од сите генерации. Во „Зајди, Зајди“ ќе ги видите и најмладите и најактуелните, но и оние кои оставија длабоки траги во интерпретацијата на фолклорот во Репубика Македнија.

Она што е исто така посебна карактеристика на оваа емисија е настапот во живо. Нешто што одамна го нема во телевизиските студија и нешто што се чувствува во етерот кога емоциите и посебната состојба се неопходна за исполнување на народното творештво.

Белег на емисијата досега, а и понатаму ќе биде подеднаквата застапеност на фолклорните традиции на сите националности во земјата.

Гледајте го изборот на најдобрите моменти од емисијата „Зајди, зајди“ на каналот на Алфа ТВ на YouTube.

 

Прашање

Од:

Време: 01.06.2014 13:05:13

Коментар: Ако може д ми кажете како се вика момчето што свири на виолина???????

Добар ден

Од: Владана

Време: 01.03.2014 00:14:57

Коментар: Емисијата ви е супер каде можам да ја видам синокешната емисија испратете ми линк поздрав од Србија

Prasanje?

Од: Ivica

Време: 16.07.2013 22:44:44

Коментар: Здраво, Како се вика музичарот од Ресен,на Канун инструмент што свири ? (Ахмет или Мехмет ??) контакт ако имате од него? И ако сте во можност на You tube да ја пуштите таа емисија во 2013 год кога беше гостин!!

12345678910...