Филмови

Новогодишно кино Алфа

Премиери, премиери, премиери... За сите генерерации и вкусови. Бидете со Алфа ТВ за време на новогодишните празници.

Вторник, 31.12.2013

09:10

Сребрени ѕвона (Silver Bells)

Њујорчанката Кетрин два пати ќе се најде на крстосница. Еднаш со младото момче Дени, а потоа и со неговиот татко. Таа не знае дали божиќните ѕвона, би можеле да бидат и венчални?

14:00

Младиот Дедо Мраз (Santa Baby)

Мери Клас има своја компанија, Клас Консалтинг, и успешно работи. Откако дознава дека татко ѝ преживеал инфаркт, таа веднаш заминува кај родителите во Поларис, Канада. Нејзините родители имаат интересна и неверојатна работа. 

Нејзиниот татко е вистинскиот Дедо Мраз. Таа сака да го замени и прави сé за да успее во тоа. По долги години таа е повторно дома каде го сретнува Лук, својата стара љубов. Со негова поддршка и заштита, успева да направи најубав божиќ.


Среда, 01.01.2014 во 00:30 ч.

Пензионирани, екстремно опасни (RЕD) 2010 - ПРЕМИЕРА

Кога на неговиот мирен живот му се заканува ултрамодерен убиец, поранешниот таен агент Френк Моузес го собира својот стар тим во последен обид да преживее и да ги открие своите напаѓачи.

Режисер: Роберт Швентке   
Главни улоги: Брус Вилис, Хелен Мирен, Морган Фриман, Мери-Луиз Паркер 


02:20

Леден потрес (Ice Quake) - ПРЕМИЕРА

Пејзажот на Алјаска драстично ќе се смени откако ледениот слој под површината ќе почне да се топи, создавајќи реки од течен метан, коишто предизвикуваат низа разорувачки земјотреси. 
Геолозите се во трка со времето обидувајќи се да ги запрат смртоносните реки пред да предизвикаат катастрофални последици.

Режија: Пол Зилер
Улоги: Брендан Фер, Холи Елиса, Џодел Ферланд


08:10

Летот на Ирвасите (Flight of the Reindeer)

Во магијата на божиќната ноќ, еден научник сака да докаже дека ирвасите можат да летаат, но наместо тоа открива друга вистина, вистината за верата, семејството и божиќ.


11:05

Крзнена одмазда (Furry Vengeance) 2010 - ПРЕМИЕРА

Младиот и амбициозен изведувач, Ден Сандерс, се соочува со група на лути животни кога неговиот нов план за изградба на куќи оди предалеку во недопрениот дел од дивината. 

Водени од неверојатно паметен ракун, животните го попречуваат градењето и го учат нашиот херој за еколошките последици од човечкото присвојување на природата.  

Режисер: Роџер Кумбл   
Главни улоги: Брендон Фрејзер, Брук Шилдс, Рики Гарсија


15:50

Астерикс и Обеликс - Во служба на Нејзиното Величество - ПРЕМИЕРА

Астерикс го преминува каналот за да му помогне на неговиот братучед да се соочи со Цезар и Римјаните.

Режија: Лоран Тирар
Улоги: Жерар Депардје, Дани Бун, Едуар Баер 


20:30

Бунраку (Bunraku) - ПРЕМИЕРА

Приказна за двајца млади момци што го поминале целиот живот барајќи одмазда. 

Но како што се’ повеќе им се испреплетуваат животите, тие се соочуваат со поголеми предизвици отколку што очекувале.

Режија: Гај Мош
Улоги: Џош Хартнет, Деми Мур, Вуди Харелсон, Гакт


22:45

Одмаздата на мртовецот (Dead Man Down) - ПРЕМИЕРА

Човек за кого сите мислат дека е мртов се враќа со ново име за да го одмазди своето семејство. Тој се инфилтрира во бандата убијци и мудро чека да направи потег. Но, во меѓувреме ќе му се случат непредвидени работи.

Режија: Нил Арден Оплев
Улоги: Колин Фарел, Нуми Рапас, Доминик Купер


ЧЕТВРТОК 02.01.2014

13:30

Божиќна Песна (A Diva’s Christmas Carol)

Ебони Скруџ има студено срце, но Божиќ е време на изненадувања. Таа ќе биде посетена од трите божиќни духови и нејзиниот живот ќе доживее пресврт.

Режија: Ричард Шенкман
Улоги: Ванеса Вилијамс, Џон Тејлор

16:40

Кристи, враќањето во Катергап (Christy, return to Cutter gap canyon)

Две девојки се вљубени во еден доктор и се натпреваруваат за неговата љубов.

Режија: Чак Боуман
Улоги: Лорен Ли Смит, Џејмс Вотерсон



















21:05

Само за пари (One for the money) 

Невработената и тазе разведената Стефани Плам се вработува како ловец на награди кај нејзиниот братучед и добива случај со кој ќе му влезе на трага на бараниот локален полицаец кој има врска со нејзиното романтично минато. 

Режија: Џули Ен Робинсон 
Улоги: Кетрин Хејгл, Џејсон О’Мара, Даниел Сунџата