Серии

Компанијата

„Компанијата“ е американска мини ТВ серија во 6 продолженија. која ги следи последните години на „студената војна“ и разузнавачката војна помеѓу ЦИА и советската КГБ се до распаѓањето на Советскиот сојуз.

Недела, 21:00 часот

„Компанијата“ е американска мини ТВ серија која ги следи последните години на „студената војна“ и разузнавачката војна помеѓу ЦИА и советската КГБ се до распаѓањето на Советскиот сојуз.

Главен протагонист во серијата е Џек Меколиф (Крис О’Донел), идеалист и вистински „верник“ кој е регрутиран да работи за „компанијата“ како што ја нерекуваат ЦИА, уште за време не неговите студентски денови на универзитетот Јејл.

Неговата шпијунска кариера започнува во Берлин на крајот на педесеттите години и завршува во 1991 година. Негов партнер и заштитник во Берлин е искусниот таен агент Харви Торити (Алфред Молина).

Нивната задача на кариерата, која е иначе централна приказна во оваа серија, е да го отркијат кртот длабоко во редовите на ЦИА поради кој пропаѓаат акциите во Берлин и онаа во Заливот на свињите во Куба.

Подржувач на опреациите на Џек и на Харви е нивниот шеф во Ленгли, во седиштето на компанијата, Џејмс Енглтон (Мајкл Китон). Тој, колку што е параноичен, толку е и искусен и прониклив, ќе им помогне да го откријат кртот во редовите на агенцијата.

Кога ќе заминува во пензија со сите почести, Енглтон ќе укаже дека агенцијата треба да внимава и на западниогерманскиот канцелар Вили Бранд, на американскиот државен секретар Хенри Кисинџер и шведскиот премиер Улоф Палме зашто и тие се агенти на КГБ.

Ова укажување во компанијата ќе го сметаат за уште еден плод на неговата параноја, но...

Режисер: Микаел Соломон
Играат: Крис О’донел, Алфред Молина, Мајкл Китон, Алесандро Нивола, Рори Кокрејн, Том Холандер, Александра Мариа Лара, Наташа Мекелхон, Раул Бова, Ерика Марозан, Мишел Натичевиќ...
 

Нека има нова серија на местото на Фарма

Од: џек

Време: 25.12.2013 13:19:25

Коментар: Многу добра серија, само давајте некоја нова турска серија да речеме од понеделник до петок во 21 часот по Фарма