Забавна

Зајди, зајди

Емисијата „Зајди, зајди“ на Алфа ТВ стана бренд и единствена нова, актуелна продукција која ги препознава и ги афирмира трајните фолклорни вредности.

Недела, во 13:00 ч (реприза во петок во 13:30)

Емисијата „Зајди, зајди“ на Алфа ТВ стана бренд и единствена нова, актуелна продукција која ги препознава и ги афирмира трајните фолклорни вредности.

Во нова сценографија со Зуица Лазова и Милан Завков како водители на емисијата, најгледаната музичка емисија добива нов импулс и свежина. Свој придонес кон ова дава и оркестарот на Милан Завков со една побогата, чалгиска, димензија. 

„Зајди, зајди“ е македонска музичка ризница на традиционалните народни и староградски  фолклорни нумери што повторно не врати на нашите корени.

Емисијата „Зајди, зајди“ ве потсетува на најубавите стихови и балади од фолклорниот завет.

Еднаш неделно во најгледаните термини во вашите домови ќе ги имате најистакнатите исполнители на македонските народни песни од сите генерации. Во „Зајди, Зајди“ ќе ги видите и најмладите и најактуелните, но и оние кои оставија длабоки траги во интерпретацијата на фолклорот во Репубика Македнија.

Она што е исто така посебна карактеристика на оваа емисија е настапот во живо. Нешто што одамна го нема во телевизиските студија и нешто што се чувствува во етерот кога емоциите и посебната состојба се неопходна за исполнување на народното творештво.

Белег на емисијата досега, а и понатаму ќе биде подеднаквата застапеност на фолклорните традиции на сите националности во земјата.

Гледајте го изборот на најдобрите моменти од емисијата „Зајди, зајди“ на каналот на Алфа ТВ на YouTube.

 

 

Од: dobre

Време: 25.01.2015 16:05:19

Коментар: brsvo za noviot serijl zajdi zajdi.ja gledav prvata emsija .fantasticna.imam edna zamerka.za srpskite nekakvi zvezdi imate sekojdnevno reklami.a za najdobrata emisija za makedonska muzika nema nikakva reklama na tv.zosto e toa taka.