Филмови

„Внатрешен круг“, „Не е тој таков“, „База“

Филмско попладне на Алфа ТВ од 3 до 5 декември...

ПОНЕДЕЛНИК 02.12.2013 во 16:50 ч.

Внатрешен круг (Le premier cercle)

Кланот Малакиан, семејството безмилосни криминалци го контролира подземјето на Јужна Франција. Синот Антон сака да побегне од сето тоа и да има право на слободен избор, но внатрешниот круг на семејството е изгравиран со крв.

Режија: Лоран Туел
Улоги: Жан Рено, Гаспар Улиел



ВТОРНИК 03.12.2013 во 16:50 ч.

Не е тој таков (Ma nije on takav)

Интелигентниот, шармантен и внимателен Бошко остава впечаток на доверлив човек, но всушност е измамник којшто се додворува на осамени жени и им измамува пари. 

Но сè ќе тргне наопаку кога ќе стапи во врска со сестрата на еден богаташ, којашто поради невозвратената љубов ќе си ги пресече вените.

Режија: Мирослав Петковиќ
Улоги: Драган Бјелогрлиќ, Гордан Кичиќ, Зоран Цвијановиќ



СРЕДА 04.12.2013 во 16:50 ч.

База (The Base) 

Мајорот Марфи е уфрлен во тим на војници за кои се сомневаат дека дистрибуираат кокаин од воената база и се во сојуз со мексиканските нарко картели. 

Заедно со неговата партнерка, поручникот Ендрус, мајорот оди на тајна задача во инфилтрација на бандата и треба да открие до колку високо оди синџирот на командата. 

Режија: Марк Л. Лестер 
Улоги: Марк Дакаскос, Тим Абел, Пола Трики