Серии

Фолк

Првата сезона на популарната српска серија ја портретира главната ѕвезда на теленовелата „Фолк“, единаесетгодишната Ѕвездана, која во својот роден крај и по должината на магистралата долж реката Ибар, е позната како дете со ангелски глас. Додека таа пее, возрасните плачат.

Понеделник-петок во 22:00

Првата сезона на популарната српска серија ја портретира главната ѕвезда на теленовелата „Фолк“, единаесетгодишната Ѕвездана, која во својот роден крај и по должината на магистралата долж реката Ибар, е позната како дете со ангелски глас. 

Додека таа пее, возрасните плачат.

Свесни за нејзините потенцијали се и нејзините родители, особено нејзиниот татко кој ќе се лиши од се’ за да и’ обезбеди на Ѕвездана успешна естрадна кариера.

Ѕвездана преку ден оди на училиште, а ноќе пее во кафеана и тоа е начин таа и нејзиното семејство да опстојуваат.

Сите нејзини желби се насочени само кон една цел - да победи на државниот натпревар за прв глас на Србија. Тоа е нејзината шанса да влезе во светот на естрадата за кој сонува.

Главната улога во првата сезона на оваа серија и’ е доделена на Катарина Богичевиќ која беше финалистка во музичкото реалити шоу „Јас имам талент“ во сезоната 2010-2011. 
 

Терминот не е добар

Од: очекувачи на Темпестад

Време: 04.01.2014 11:18:48

Коментар: За жал не ја гледам серијава зошто не ми одговара терминот, требаше да ја стават во сабота или недела навечер, а не петок. Давајте и некоја друга српска серија место Фолк и обавезно ТЕМПЕСТАД - новата серија од Телевиса која ја очекуваме одамна

TELEVISA 4EVER!

Од: TELEVISA MACEDONIA

Време: 26.12.2013 19:42:51

Коментар: АМБИС НА ЉУБОВТА ВО ПОДОБАР ТЕРМИН И НОВИ СЕРИИ ОД ТЕЛЕВИСА!

:(

Од: МмМ

Време: 12.12.2013 15:15:38

Коментар: Лош термин за серијава ,се поклапа со друга серија на една друга телевизија (Да не ја рекламирам серијата и телевизијата ,вие добро знаете за која станува збор) Бар се надевам реприза дека ќе има или ќе го смените терминот во брзо време инаку не ќе може да ја гледам.

12