Серии

Отфрлена

Од богатата индијска телевисика продукција на екраните на Алфа ТВ пристигнува една од најгледаните телевиски серии - „Отфрлена“. Оваа ептен емотивна ТВ приказна го следи деството и моминството на две девојчиња со различно социјално потекло, кои судбината ќе поврзе во искрено пријателство. Но, кога ќе пораснат нивното пријателство е пред сериозен предизвик заради еден маж...

Секој работен ден премиерно во 23:05, реприза во 09:15 ч. и во сабота и недела во 10:15 часот.

Серијата „Отфрлена“ (со оригинален наслов „Uttaran“) е приказна за Тапасја (Тапу) и Ишка, девојчиња кои се раѓаат и живеат во две различни социјални средини. Тапасја е ќерка на богатите индиски аристократи Дивја и Јоги Такур. Живее и се воспитува во раскош, но е многу скромна, послушна и добра.

Ишка уште како малечка останала без татко и ќе порасне само со нејзината мајка Дамина која работи како куќна помошничка кај семејството Такур за да му обезбеди на своето дете пристоен живот.

Кога Јоги Такур, таткото на Тапу, ќе ооткрие дека ненамерно, без и да биде свесен, е виновен за смртта на таткото на Ишка, одлучува малечката на Димина да ја одгледа како родена ќерка за да си ја смири совеста и да ја поправи грешката.

Со текот на годините меѓу девојчињата ќе се развие многу топло пријателство. Меѓутоа, и покрај нивното пријателство, меѓу нив ќе се појави и црвото на љубомората, особено откако Ишка со својата добрина и едноставна природа, ќе ги освои срцата на сите околу неа.

Сумитра Деви, тетката на мајката на Тапу, одбива да ги прифати Ишка и Дамина и полека ја свртува и Тапу против нив.

Првиот поголем проблем се појавува кога во нивниот живот се појавува убавецот Вир Синг Бундела. Јоги Такур сака ќерка му Тапу да се омажи со Вир, но не знае дека таа е вљубена во Синдата (сид). Тапу и се доверува на Ишка и ја замолува таа да се омажи за Вир. Ишка прифаќа во име на нивното пријателство, но со текот на времето меѓу неа и Вир ќе се развие голема љубов.

Тапу наеднаш ја обзема љубомора кога ќе види колку е среќна нејзината пријателка. 

***
За настаните во најновата епизода, информирајте се од оваа видео најава:


 
 

Uttaran

Од: Veer

Време: 16.01.2015 09:59:35

Коментар: Serijata e prekrasna..Ve molam davajte ja vo podobar termin ili pak repriza vo sabota i nedela.Blagodaram

Iss Pyaar Ko Kya Naam Doon

Од: anonimna

Време: 17.08.2014 17:38:10

Коментар: Iss Pyaar Ko Kya Naam Doon ovaa serija e indiska no e razlicna od drugite i mnogu e interesna serijata pa bi mozele da razmislite za ovoj predlog da ja emituvate. pozzz

Spanski serii

Од: Alfa gledacka

Време: 14.07.2014 14:42:59

Коментар: Ubava e serijava edna od retkite indiski so ubava prikazna no mnogu mnogu dolga. Molba do Vas ALFA TV davajte i nekoi drugi SPANSKI SERII site gi gledame spanskite serii po internet bidejki vo makedonija zamre emituvanjeto na spanski serii.So turskite veke se pretera se turski pa turski. Davajte spanski serii i na vas vi e vo pilog ke se zgolemi gledanosta

1234567