Филмови

Прирачникот на трујачот Јанг

Греам е интелигентно момче кое е фасцинирано од морбидни труења и убиства...

Петок, 28.06.2013 во 20:30 ч.

Прирачникот на трујачот Јанг (Young poisoners handbook) 

Филмот е базиран на вистинска приказна за британски тинејџер кој наводно си го отрул семејството и колегите од работа. 

Греам е интелигентно момче, но сосема неморално. Се интересира за хемија и е фасциниран од морбидни труења и убиства. 

Неговото семејство не го трпи, а посебно неговата маќеа. Одлучува да ги отруе тие што го нервираат, прво со антимон, а потоа со талиум. 

Сепак го фаќаат и го праќаат во психијатриска институција каде ќе се обиде да го измами психијатарот за да го пушти и да добие втора шанса. 

Режија: Бенџамин Рос 
Улоги: Хју О’Конор, Антони Шер, Тобијас Арнолд