Серии

Девојките Гилмор - Нова сезона

Девојките Гилмор е приказна за самохраната мајка Лорелај Гилмор и нејзината ќерка Рори, кои живеат во фиктивниот град Старс Холоу во Конектикат.

Секој работен ден во 17:35 ч. реприза во 10:35

„Девојките Гилмор“ (Gilmore girls) е американска телевизиска серија создадена од Ејми Шерман – Паладино, со Лорен Грем и Алексис Бледел во главните улоги. 

Серијата оригинално се емитуваше на каналот Ворнер Брос од 5 октомври 2000 година до 15 мај 2007, комплетирајќи седум сезони.

Девојките Гилмор е приказна за самохраната мајка Лорелај Гилмор и нејзината ќерка Рори, кои живеат во фиктивниот град Старс Холоу во Конектикат. 

Во серијата се обработуваат семејни и пријателски теми, како и генерациски јаз и социјални класи. 
Дијалозите во серијата имаат многу брзо темпо. Во нив често се спомнуваат детали од поп-културата, политиката и високата класа, кои најдобро се манифестираат со тешкиот однос на Лорелај и нејзините родители, кои се од висока класа.
 

ijs

Од: ijs

Време: 09.08.2013 22:25:52

Коментар: Super serija,a dobra bese i Smallvill ama zosto ne gi davate od prva do posledna epizoda?Nemojte i vie kako kanal 5 da bidete.Kupete gi site sezoni i epizidi i emituvajte gi kako sto treba.

gilmore girls

Од: didi

Време: 09.08.2013 17:46:02

Коментар: ja sakam serijava zosto ja prekinavte ?????dosta mi e veke od turskite serii!!!!

GILMORE GIRLS

Од: $

Време: 08.08.2013 20:06:13

Коментар: Најдобра серија!!! Ќе продолжите ли и понатака да ја емитувате или... ? Така и пред 2-3 години ја дадовте само првата сезона и толку. Вие сте едни од ретките кои знаат да направат вистински избор.

12