Забавна

Еден бакнеж

Најнова продукција на Алфа ТВ е емисијата „Еден бакнеж“ посветена на незаборавните евергрин рефрени на македонската забавна музика. Емисијата е своевиден времеполов кој ќе не потсети на најубавите македонски шлагери, фестивалски композиции, поп и рок хитови од четири различни декади.

Недела, 20 часот, реприза

Најнова продукција на Алфа ТВ е емисијата „Еден бакнеж“ посветена на незаборавните евергрин рефрени на македонската забавна музика. Емисијата е своевиден времеполов кој ќе не потсети на најубавите македонски шлагери, фестивалски композиции, поп и рок хитови од четири различни декади.

Од почетокот на шеесетитте години, па се до двеилјадитата.пејачите кои ќе ја имаат честа, но и одговорноста да ги отпејат во живо старите евергрини се Адријана Јаневска, Наде Талевска, Елена Петреска, Јоце Панов, Ѓорѓи Крстевски и Горан Наумовски подржани од бендот на Благој Маротов, кој е задолжен и за аранжманите.  

Вовед во секоја декада ќе бидат светски, европски или ју хитови од тоа време.

Во секоја емисија ќе има и соговорници со кои ќе раскажуваат за случувањата кои го обележале периодот кога се создавани овие евергрини. Водители на емисија се Ирена Спировска и Игор Ангелов.


 

eden baknez

Од: bozo

Време: 08.08.2013 17:25:04

Коментар: napred silno so dobro vino odlicna muzika

Odlicno

Од: Filip

Време: 17.07.2013 01:35:55

Коментар: Dali ke ima reprizi na eden baknez vo tekot na letoto i koga ke prodolzite so novi emisii? Pozdrav!

Пофалба и молба

Од: Златко

Време: 25.06.2013 19:02:00

Коментар: Вашата емисија е неповторлива и посакувам да слави јубилеи како емисиите на Драган Б. Костиќ. Ова не смее да прекине никогаш, бидејќи македонската музика е неисцрпен извор. Имате материјали за постојана обработка. Имам неколку молби и предлози до Вас. Во делот кога Маротов бенд го најавува периодот за кој ќе се говори, дали ќе може да се обработат песните од македонските пејачи, кои се пеени на српски и хрватски јазик. Одамна сакам да ги слушнам „Хронично сам заљубен у тебе“, „Фортуна“, „То није била шала“ кои Драган Мијалковски ги испеа на времето. А има доста вакви песни, кои се заборавени. Мислам дека тоа ќе биде ексклузивно. Дали ќе може да го поканите Јане Коџобашија? Дали ќе може да има обработка на песни од Студени нозе, Ристо Бомбата и Ена Веко, кои, сепак, мислам дека се пионери на македонската музика од овој жанр. И за крај, сето ова треба да го преточите во видео запис и ЦД издание, за да не замре и по втор пат нашата прекрасна музика. Поздрав и Ве очекувам секоја недела!

12345678910...