Филмови

Можеби бебе

Сем и Луси Бел, коишто наизглед имаат сè, очајнички се обидуваат да добијат бебе...

Недела 12.05.2013 во 22:45

Можеби бебе (Maybe Baby)

Романтична комедија за брачната двојка Сем и Луси Бел, коишто наизглед имаат сè, и љубов, и среќа и успешни кариери, но очајнички се обидуваат да добијат бебе. 

Во меѓувреме Сем доживува писателска блокада и користејќи го дневникот на Луси, решава да напише сценарио за нивниот проблем, што воопшто нема да и се допадне на неговата сопруга.

Режија: Бен Елтон
Улоги: Хју Лори, Џоели Ричардсон, Роуан Аткинсон