Спорт

Илиевски емотивно се прости од националниот тим

По завршувањето на средбата со Словенија, капитенот Владо Илиевски го објави повлекувањето од репрезентацијата на Македонија.

10.09.2015 21:25:34
"Најверојатно ова е мој последен настап за репрезентацијата. Горд сум што бев тука и посебно што ја бев капитен и лидер на оваа репрезентација. Навистина горд сум што го носев дресот на македонската репрезентација. Имаше добри и лоши моменти, но јас никогаш нема да заборавам се што направивме. Во националниот тим стекнав многу пријатели и секогаш ќе бидам подготвен да и помогнам на македонската кошарка", изјави 35-годишниот Владо Илиевски.