Свет

Сирија тврди дека терористичките групи употребиле хлор како оружје

Сирискиот заменик-министер за надворешни работи Фајсал Мекдад денеска демантираше дека режимот употребил хемиско оружје или хлор за време на граѓанската војна и предупреди дека такво оружје користат терористичките групи.

01.12.2014 16:52:43

Тој на седницата на Организацијата за забрана на хемиско оружје наведе дека терористичките групи употребиле хлор во неколку региони на Сирија и на Ирак.

- Многумина сметаат дека претседателот Башар ал Асад употребил хемиско оружје за време на граѓанската војна, но има поголема опасност, дека терористичката група Исламска држава исто така може да употребува хлор како оружје, посочи Мекдад.