Македонија

Странски експерти ќе им помагаат на домашните бизнисмени

Владата ќе го засилува развојот на домашните компании, со помош на стручни лица од странство и тоа во повеќе области. Странските експерти од областа на производството, ИТ услугите и услужните дејности, своето знаење ќе им го пренесат на домашните бизнисмени. Тоа според домашните експерти ќе биде од голема корист за компаниите и ќе придонесе за зголемување на продуктивноста, ефикасноста и ефективноста во работењето.

07.10.2013 18:59:48
Владата ќе го засилува развојот на домашните компании, со помош на стручни лица од странство и тоа во повеќе области. Странските експерти од областа на производството, ИТ услугите и услужните дејности, 
своето знаење ќе им го пренесат на домашните бизнисмени. Тоа според домашните експерти ќе биде од голема корист за компаниите и ќе придонесе за зголемување на продуктивноста, ефикасноста и ефективноста во работењето. 

Една од главните цели на Владата е промоција на овој проект со цел што повеќе фирми да бидат информирани и да се пријават на јавниот оглас.Заинтересираните компании ќе можат да аплицираат до 1 ноември, а реализацијата на проектот ќе отпочне од наредната година. 

Елена Бошковска