Свет

Странски експерти помагаат во истрагата на масакрот во Најроби

Кениската истрага за крвавиот масакр во трговскиот центар во Најроби доби помош од експерти од САД, Британија, Германија, Канада и Интерпол.

26.09.2013 09:20:55
Кениската истрага за крвавиот масакр во трговскиот центар во Најроби доби помош од експерти од САД, Британија, Германија, Канада и Интерпол. Форензичарски експерти го прочешлуваат трговскиот во потрага по ДНК, отпечатоци од прсти и балистички траги, изјави министерот за внатрешни работи на Кенија. 

Тој потврди дека во спасувачката акција, петмина полицајци се убиени, а се очекува да се пронајдат  тела и на други починати. Потрагата по затрупани не престанува.

Кенијците продолжуваат со погребувањето на најблиските кои несреќно беа убиени од страна на Сомалиски исламисти.Кениските безбедносни сили убиле пет терористи, а 11 други се во притвор.