Македонија

Помирување меѓу ресенските социјалдемократи

Истомислениците и политичките поддржувачи на Димитар Бузлевски во Ресен, кои на последните локални избори ја поддржаа неговата кандидатура за градоначалник и пребегаа во граѓанската иницијатива ``Обнова за Преспа``, денеска и официјално си подадоа рака со своите поранешни сопартијци.

23.09.2013 17:52:35
 Истомислениците и политичките поддржувачи на Димитар Бузлевски во Ресен, кои на последните локални избори ја поддржаа неговата кандидатура за градоначалник и пребегаа во граѓанската иницијатива ``Обнова за Преспа``, денеска и официјално си подадоа рака со своите поранешни сопартијци. 
Помирувањето започна со спојување на двете советнички групи кои сега ќе имаат шест опозициски членови, наспроти деветте советници на локалната власт.

-Целта е, во овој следен период СДСМ да се окрупнува- рече Методи Карапалевски, координатор на СДСМ. – Во Советот на Општината Ресен, но мислам дека многу позитивни работи ќе сменат во самиот СДСМ. Ова е како еден сигнал на консолидација и обединување на партијата. Би го нарекол, враќање на отпишаните- рече Живко Гошаровски, советник од ГИ ``Обнова за Преспа``.

Претставниците на власта од ВМРО ДПМНЕ, не се загрижени со ваквото политичко прегрупирање, кое според нив, ја изневери вољата на гласачите.

-Далеку од тоа дека се плашиме. Ние ја добивме огромната доверба на граѓаните на Ресен и Преспа. Меѓутоа, токму граѓаните на Ресен и Преспа , оние 3. 500 граѓани кои гласаа за спротивната страна, сега ќе се почуствуваат измамени- рече ресенскиот градоначалник Ѓоко Стрезовски.

Димитар Бузлевски кој на последните избори  беше креатор на иницијативата ``Обнова за Преспа`` и го потона локалниот социјалдемократски брод, вели дека помирувањето е воља на членството, а тој нема намера повеќе да се занимава со политика, ниту да се меша во нивните одлуки.  

Петар Стефановски
 

pojde vozo

Од: mite jabolkaro

Време: 24.09.2013 09:17:45

Коментар: zamina vozo da se pomirvat. sega neka si brojat kolku sunduci jabolka ce sobervat, a politikata mu ostana na gjoko da si ja kroi.