Економија

Владата ќе плаќа странски експерти за помош на фирмите

Странски експерти ќе ги учат македонските компании како да ги усовршат производствените процеси и услугите. Ангажирањето на странските стручњаци за фирмите ќе биде речиси бесплатно – трошоците ќе ги покрива Владата, а само во исклучителни ситуации компаниите ќе треба да подмират дел од нив.

17.09.2013 17:54:15

Странски експерти ќе ги учат македонските компании како да ги усовршат производствените процеси и услугите. Ангажирањето на странските стручњаци за фирмите ќе биде речиси бесплатно – трошоците ќе ги покрива Владата, а само во исклучителни ситуации компаниите ќе треба да подмират дел од нив. Аплицирањето ќе трае во наредните 45 дена, а фирмите ќе можат да побараат стручна помош во земјоделството, градежништвото, туризмот, финансиите и други сектори. Посебно се охрабруваат да аплицираат компаниите на кои им требаат технолози за подготовка на експертиза за поефикасно производство.

 

По завршувањето на јавниот повик, Владата ќе стапи во контакт со експертите. Веќе постои соработка со странски организации кои ангажираат консултанти од Германија и Холандија, а постои можност и за носење на стручњаци од САД. За овој проект се уште нема точно одреден буџет – тој ќе зависи од интересот на бизнис секторот.

 

Тања Попова