Македонија

Започна фестивалот ``Актерот на Европа`` во Ресен

Синоќа, во амбиенталниот простор на Сарајот во Ресен, крената е завесата на интернационалниот тетарски фестивал ``Актерот на Европа``, на кој, со монодрамски остварувања ќе се натпреваруваат осум европски актери. Фестивалот го отвори шведската актерка Ана Петерсон со култната пиеса на Август Стринберг ``Госпоѓа Јулија``, која е добитник на годинашното признание ``Актер на Европа``.

07.07.2013 18:48:21
  
-За мене е голема чест да го отворам фестивалот, но исто така, голема чест е да ја примам наградата. Се надевам дека оваа соработка ќе продолжи и понатаму- рече шведската актерка Ана Петерсон.

Организаторите од универзитетот ``ЕСРА`` и од Општината Ресен, сметаат дека фестивалот е вистински предизвик за духовно поврзување на  народите од трите држави на Преспанското езеро.

-На Преспа се одвива една прекрасна театарска одисеа, која ги повика и ги прогласи за актери на Европа цела една плејада на актери од светско значење и од сите центри на Европа- рече Јордан Плевнеш, претседател на Советот на фестивалот.

Моно- Фестивалот ќе трае до 11 јули, а ќе се натпреваруваат  актери од Шведска, Словенија, Македонија, Бугарија, Србија, Грција, Албанија и Турција.

Петар Стефановски
 
ne za eden den

Од: mite

Време: 08.07.2013 08:08:04

Коментар: vakvi festivali se podgotvuvaat edna godina. steta sto nema pari, za da se naprvi kako sto treba. no i vaka e podobro otkolku nisto.