Свет

Трамп гледа напредок во преговорите со Северна Кореја

Американскиот претседател Доналд Трамп денеска соопшти дека добил писмо од севернокорејскиот водач Ким Џонг-ун, за кое рече дека е многу добра порака и дека двете земји постигнуваат значителен напредок.

12.07.2018 19:34:12

Американскиот претседател Доналд Трамп денеска соопшти дека добил писмо од севернокорејскиот водач Ким Џонг-ун, за кое рече дека е многу добра порака и дека двете земји постигнуваат значителен напредок. Потегот на Ким доаѓа по посетата на американскиот државен секретар Мајк Помпео на Северна Кореја, која во американските медиуми беше оценета како разочарувачка.

- Цврсто верувам дека со силна волја, искрени напори и со уникатниот пристап од моја страна и од вашата екселенција, господине претседател, насочена кон отворање на нова иднина во односите меѓу Демократската Народна Република Кореја и Соединетите Држави, ќе имаме успех, пишува во писмото на Ким упатено до Трамп.

САД бараат од режимот на Ким да се прецизираат обврските на Северна Кореја за нуклеарно разоружување на државата.