Свет

Порошенко: Никој нема да успее да го блокира членството на Украина во НАТО

Претседателот на Украина, Петро Порошенко денеска изјави дека на Самитот на НАТО сите земји членки изразиле целосна поддршка за политиката на Киев за членство во Алијансата.

12.07.2018 19:18:53

Претседателот на Украина, Петро Порошенко денеска изјави дека на Самитот на НАТО сите земји членки изразиле целосна поддршка за политиката на Киев за членство во Алијансата.

- Нема да кажувам датуми, но сакам да кажам дека никој нема да успее да го блокира членството на Украина во НАТО. Тоа е суверено право на украинскиот народ, посочи Порошенко по завршувањето на Самитот на Алијансата.

Тој додаде дека поголемиот дел од украинските граѓани го поддржуваат курсот на Украина кон НАТО.

- Конечно ги завршивме разговорите дека членството на НАТО ќе ја иритира Русија, посочи Порошенко.

Украинскиот претседател во Брисел имаше средби со американскиот и францускиот претседател Доналд Трамп и Емануел Макрон, при што разговарал за нивните претстојни средби со претседатлот на Русија, Владимир Путин.