Македонија

Се уште нема трага од третиот напаѓач на Никола Саздовски - Саздо

Нема нови моменти кои може да се споделат со јавноста за смртта на Никола Саздовски Саздо, велат од истрагата.

12.07.2018 19:15:33
Нема нови моменти кои може да се споделат со јавноста за смртта на Никола Саздовски Саздо, велат од истрагата.
 
Обвинителството ги прибира доказите и случајот е во предистражна постапка. Како што дознаваме, клучно за преквалификација на делото, од насилство со смртни последици, во убиство може да биде обдукцискиот наод од судска медицина во кој се утврдени причините за фаталниот удар кој ја предизвикал комата кај Саздо од која не се разбуди. Третиот осомничен се уште е во бегство, останатите двајца осомничени се во истражниот затвор во Шутка.