Свет

Трудо: Рекреативното конзумирање марихуана во Канада ќе стане законско од 17 октомври

Канадскиот премиер Џастин Трудо изјави дека конзумирањето на марихуаната за рекративни цели ќе стане законско во земјата од 17 октомври.

21.06.2018 11:03:18

Канадскиот премиер Џастин Трудо изјави дека конзумирањето на марихуаната за рекративни цели ќе стане законско во земјата од 17 октомври.

Законот, кој го поднесе либералната Vлада на премиерот, неделава е усвоен во двата дома на Pарламентот. Тој вклучува преоден период од 8 до 12 недели за да им се даде време на осумте провинции и три северни територии на Канада да организираат продажба на марихуана за рекреативни цели во специјализирани продавници. Трудо информира дека провинциите побарале повеќе време и затоа законот ќе влезе во сила 17 недели по неговото усвојување.

Владата истакна дека легализирањето е единствениот начин да се спречи илегалата индустрија со марихуана вредна милијарди долари и која во моментов е под контрола на криминални групи.

Канада е прва меѓу членките на Г-7 која легализира марихуана за рекреативна употреба.

Поседувањето канабис во Канада е криминал од 1923 година, но неговата употреба за медицински цели е одобрена од 2001 година.

Минималната возраст за купување и употреба на канабис на федерално ниво е 18 години, а провинциите имаат право да воведат праг од 19 години. Полнолетните ќе имаат право јавно да купат до 30 грама сушена марихуана.