Спорт

Кошаркарите се подготвуваат за дуелот со Швајцарија

Кошаркарската репрезентација на Македонија се подготвува за последниот настап во претквалификациите за пласман на Европското првенство.

19.06.2018 22:29:19

И покрај фактот што селекторот Јорданчо Давитков се соочува со проблеми околу составувањето на тимот сепак нашите репрезентативци работаат со полн интензитет и најавуваат атак на уште победа со која триумфално ќе ги завршиме претквалификациите за континенталното првенство.

Сигурно дека посебен акцент ќе се стави на прилагодувањето на новиот натурализиран кошаркар во составот Шејн Витингтон кој ќе биде алтернатива за Ричард Хендрикс.

"Хендрикс сигурно ќе ни недостасува многу затоа што играше на изминатите три меча. Наше е да се подготвиме добро овие десет и да победиме. Нема да биде воопшто лесно во Швајцарија, во Скопје ни парираа 30 минути. Немаат класичен центар, играат брза кошарка со италијански тренер. Ја победија Словачка и не очекува сигурно еден тежок меч. Витингтон ќе ни помогне многу, не е ист тип на играч како Хендрикс. Игра и од надвор и од внатре. Игра во силна лига во Русија, има играно и во други силни лиги како Шпанија. Мислам дека ќе се вклопи добро", истакна капитенот Војдан Стојановски.

Дуелот против Швајцарија се игра на 28 јуни во Фрибург.