Спорт

Ристовски потпиша за Бенфика

Голманот на македонската ракометна репрезентација од следната сезона ќе го носи дресот на Бенфика.

19.06.2018 22:23:53

По две сезони минати во тимот на Барселона, Борко Ристовски реши да ја прифати понудата на Бенфика и во следните две години ќе го носи дресот на клубот од Лисабон.

На денешната промоција беше истакнато дека ангажирањето на македонскиот репрезентативец е првиот чекор кон формирање на екипа која во следната сезона ќе се искачи на врвот во домашното првенство и ќе го преземе приматот од градскиот ривал Спортинг.

"Јас сум овде за да му помогнам на тимот да освои што повеќе титули. Тоа е една до причините зошто дојдов во Бенфика. Дојдов да се борам да дадам максимум. Верувам дека приклучувањето во проектот на Бенфика ќе биде одлично. Дојдов овде затоа што ми се допадна презентираниот проект, има иднина и верувам дека заедно ќе освоиме многу титули. Ако не верував дека Бенфика може да биде шампион, немаше да бидам овде", истакна Ристовски.