Сцена

Хедер Локлир се обидела да се самоубие

Ѕвездата од американските ТВ серии „Династија" и „Мелроуз плејс", Хедер Локлир се обидела да се самоубие, објави порталот „ТМЗ".

19.06.2018 12:05:48

Ѕвездата од американските ТВ серии „Династија" и „Мелроуз плејс", Хедер Локлир се обидела да се самоубие, објави порталот „ТМЗ".

По дојава од член на семејството на Локлир дека таа се заканувала со пиштол и со самоубиство, глумицата е префрлена в болница, на одделение за психијатрија.

Пред неколку месеци, глумицата беше уапсена поради семејно насилство, односно за напад врз нејзиното момче. Хедер дала отпор при апсењето и физички нападна тројца полицајци.

По овој инцидент Локлир мораше два месеца да оди на рехабилитација и на состаноци за алкохоличари.