Спорт

Белгија без проблеми против дебитантот Панама

Сосема очекувано репрезентацијата на Белгија со победа го отвори настапот на Мундијалот откако во првото коло од Г конкуренцијата славеше над Панама.

18.06.2018 22:23:38

Во својот прв настап на Светските шампионати, Панама се реши целосно да и се посвети на дефанзивата, но и таквиот стил на игра не ги спаси ос убедлив пораз.

Белгија во текот на мечот имаше голем број на можности да ја затресе мрежата на противникот, но избраниците на селекторот Роберто Мартинез само три пати успеаа да го совладаат Хаиме Пенедо,

Трите погодоци Белгијците ги постигнаа во второто полувреме. Првиот беше ремек дело на Дрис Мертенс кој со фантастичен волеј од петнаесетина метри откосо ја погоди мрежата на Панама.

Во 69-тата Ромелу Лукаку зголеми на 2:0, а шест минути подоцна со уште еден гол го потврди триумфот на Црвените ѓаволи.