Македонија

Владата уште рано изутрина го усвои предлогот - законот за ратификација на спогодбата за промена на уставното име

По неполни 24 часа откако премиерот Заев си пружи рака со колегата Ципрас и ја прекрсти Македонија, македонската Влада експресно уште утрово го усвои предлог-законот за ратификација на потпишаниот договор.

18.06.2018 18:08:46
По неполни 24 часа откако премиерот Заев си пружи рака со колегата Ципрас и ја прекрсти Македонија, македонската Влада експресно уште утрово го усвои предлог-законот за ратификација на потпишаниот договор, а со европско знаменце го испрати и до Собрание. 

По собраниската процедура претседателот Иванов во рок од седум дена треба да го потпише договорот, за кој тој веќе неколкупати се изјасни дека во ниту еден случај нема да го аминува. 

Постапката со потпишувањето уште во старт ја прекрши владата, бидејќи ваквите меѓународни договори ги склучува единствено претседателот на републиката, објаснуваат правниците. Професорот Апасиев во изјава за еден медиум вели дека првиот дел од договорот содржи осум члена кои се надвор од овластувањата на Владата и влегуваат во билатерален договор кој што исклучителна ексклузивна надлежност има претседателот на Републиката. Владата не е надлежна за година за склучување и ратификација на договори за идентитетските прашања.

Најверојатно уште утре на седница ќе биде изгласана потребата за ратификација на договорот, од каде расправата продолжува со комисиите. Влада користејќи го европското знаме ја прави надлежна за одлучува Комисијата за европски прашања со која претседава Артан Груби, наместо во Комисијата за надворешни работи чиј претседател е Антонио Милошоски, која е матична за ратификации на билатерални и меѓународни договори. Откако ќе ја помие собраниската процедура, на владата и е потребна согласноста од 61 пратеник за договорот да биде ратигикуван.

Спроведувањето на договорот ќе се случува етапно. Ќе стапи во сила откако двете страни ќе го прифатат согласно внатрешните процедури. Но, доколку која било од страните не го прифати договорот согласно внатрешните процедури тоа ќе значи дека договорот не важи. И додека процедурата тука е неизвесна, грчкиот шеф Коѕијас ги брифифира тамошните медиуми дека независно дал Иванов ќе го потпише, Грција ќе испратела писмо до ЕУ и НАТО со кое потврдува дека нема да го спречи евроинтегративниот пат. Сепак за договореното, конечниот збор ќе го имаат македонските граѓани на референдумот, кој треба да се одржи во септември или октомври. 

Ивана Соколовиќ Најдова