Македонија

Продолжуваат протестите во Грција под мотото ,,Македонија е грчка”

Протести за одбрана на “Грчкиот карактер на Македонија “ овие денови се одвиваа интензивно низ повеќе грчки градови.

18.06.2018 15:10:58
Протести за одбрана на “Грчкиот карактер на Македонија “ овие денови се одвиваа интензивно низ повеќе грчки градови. Вчера кулминираа кога за време на потпишувањето на договорот за решение за името насобрани граѓани ја напаѓале полицијата со дрва и предмети, а полицијата континуирано употребувала солзавец. Четиричасовните протести се одвиваа во селото Писодери во близина на Псарадес каде што министрите за надворешни работи го потпишаа договорот. 

„Македонија е грчка" и  „Овде завршува Северна Македонија", пишуваше на паноата на демонстрантите, кои со грчки и црни знамиња во рацете протестираа. Ситуацијата се стави под контрола но неколку лица, биле пренесени во болница поради солзавец и повреди. 

За шефот на грчката дипломатија Коѕијас успех било тоа што од еден милион луѓе кои протестираа стигнале на 4.000 илјади, тоа покажувало дека Грците ги кршеле стереотипите. 
Иако засега нема нова официјална најава за протести , во повикот кој што пред неколку дена стоеше на социјалните мрежи беа најавени 8 дневни протести, се очекува да се протестира повторно и пред грчкиот парламент.