Свет

Светски самит за храна во август во Копенхаген

Министри од цел свет ќе бидат дел од Светскиот самит за храна под мотото Подобра храна за повеќе луѓе. Самитот ќе се одржи во Копенхаген на 30 и 31 август оваа година. Покровителка на самитот е данската принцеза Мари.

14.06.2018 10:55:47

Ќе бидат одржани говори, панел дискусии, свеченост на потпишување меѓународни договори.

Досега се повикани 56 претставници на држави од светот. Повикани се и ЕК, ФудДринкЈуроп, Светска банка, Организацијата за храна и земјоделие, СЗО, Совет на Европа и Глобалниот сојуз за подобрување на храната. Ќе учествуваат и Ај-Би-Ем, Гугл, Нестле, Алибаба, Икеа и Теско.

Самтот се темели на гастрономија и можности за создавање глобално движење фокусирано на безбедност на храната, информации за храната и болести поврзани со храната, отпад од храна.

Самитот би требало да мобилизира држави, компании и организации во светот за да се обезбеди поквалитетна храна за повеќе луѓе. Освен тоа, самитот ќе биде тесно поврзан со целите на ОН за одржливост за 2030 и ќе се расправа како тоа случување и заклучоците, кои ќе се донесат, можат да ги зајакнат целите на ОН во однос на предизвиците храна, здравје и околина.